S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

10 нови мали инфраструктурни проекти ќе се реализираат во Преспа со учество на граѓаните

27 мај 2015,Објавен е  повик за идентификување на идеи за мали инфраструктурни проекти од областа на заштитата на водите и животната средина во Преспа.

 

Проектот за заштита на Преспанското Езероги повикува месните заедници и граѓанските организации активни на територијата на Општина Ресен да предложат идеи за мали инфраструктурни проекти од областа на заштитата на водите и животната средина.

„Надоврзувајќи се на бројните досегашни успешно реализирани мерки, Проектот има за цел да идентификува дополнителни приоритети за инвестиции кои покрај еколошката димензија би имале потенцијал да го подобрат квалитетот на животот на локалното население”, вели градоначалникот на Општина Ресен, м-р Ѓоко Стрезовски.

Предложените идеи треба да содржат една или комбинација на следниве мерки:

·         рехабилитација на локални водоводни системи,

·         воведување и/или надградба на современи системи за наводнување,

·         надградба на системи за управување со отпадните води,

·         проекти за еколошки засновано уредување на просторот и

·         чистење на диви депонии и речни корита од отпад.

Во рамките на овој повик ќе се идентификуваат десет мали инфраструктурни проекти со вредност до 1,100,000 МКД по проект. Избраните проекти би се реализирале во текот на 2014 и 2015 година.

Како прифатливи трошоци во реализацијата на проектите се сметаат: градежни работи, набавка и инсталација на опрема неопходна за реализација на проектот и подготовка на соодветна техничка документација.

Целокупната документација за овој повик е достапна на веб страната на Општина Ресен.

Проектот за заштита на Преспанското Езеровеќе дава значителни резултати во подобрувањето на состојбата со водните ресурси во регионот, како резултат на серијата на инвестиции насочени кон воведување на нови системи за управување со отпадните води и цврстиот отпад, подобрувањето на земјоделските практики, намалувањето на индустриското загадување, мониторингот на водите и други мерки.

 

Општината Ресен го спроведува овој Проект благодарение на финансиската и техничката поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а во соработка со бројни институции на национално и локално ниво. 

повикот може да го разгледате тука

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.