S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Втор ден АКТЕР НА ЕВРОПА 07.07.2015 (Вторник) - Низ призмата на Сотир Чаушевски

Пишува: Сотир Чаушевски

Вторитот ден од Актерот на Европа пријатно ме изненади со една претстава на млади актери од Бугарија.Очекував нешто просечно,посебно затоа што играаа пред се млади актери,режисерката штотуку завршен факултет така да искрен да бидам не очекував премногу.

Сцената и сценската поставеност не ми кажуваше дека тоа ќе биде една прекрасна претстава која со својата поставеност во внатрешноста на Сарајот беше и навистина вредеше да се види.Морам да ја истакнам играта на младата Милена Ерменкова која покажува неверојатна актерска зрелост.Не беа за потценување нити пак младите актери Ованес Торосиан и Јулиан Петров.Текстот на Џон Озборн нудеше игра и актерите,како и режисерката успешно тоа го направија.

Не би сакал многу нити да фалам,нити да критикувам,сепак беше ова прва претстава и репер за преостанатиот дел  од програмата на Актерот.

Тоа беше претставата – “Погледни назад со бес” (Бугарија) по текст: Џон Озборн,

Актери: Ованес Торосиан ,Милена Ерменкова,Јулиан Петров.

Режисер:Ана Батева

“Ирена или јас не можам повеќе” (Словенија)

Актер: Мирел Кнез

Режисер: Ник Упер

Со импресии од претходната претстава сакав да ја погледнам и наредната и веднаш да кажам,не зажалив што останав да ја гледам оваа прекрасна монодрама.

Видов една целосна посветеност на актерката Мирел Кнез која еден час и нешто без премногу сценски движења,но со перфекција во говорот на устата и телото,на моменти и на симпатичен македонски јазик успеа целосно да го задржи вниманието на многубројната публика која на крајот навистина со еден громогласен и долготраен аплауз ја поздрави навистина оваа убава претстава.

Мојата оценка е целосна внесеност и посветеност на актерот и режисерот.Браво.

И,ако денот по утрото се познава ќе биде ова добар фестивал.Јас искрено се надевам.

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.