S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Отворени денови со АФПЗРР во Општина Ресен

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува сите заинтересирани граѓани дека во периодот од 13.08-13.09.2015 година ќе одржат отворени денови.Отворените денови на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се одржуваат со цел да се реализираат директни средби со земјоделците и бизнис заедницата каде ќе има можност да се информираат во врска со поволностите кои се нудат преку програмите за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, да се запознаат со работата на Агенцијата, да дискутираат за прашања од нивен интерес, да дадат предлози за надминување на одредени проблеми со кои се соочуваат за време на аплицирањето, како и да побараат стручна помош.

 

Со зголемено присуство на Агенцијата на терен и со практикување на отворен и одговорен пристап кон корисниците на финансиска поддршка, се овозможува и зголемување на квалитетот на услугите кон крајните корисници како и зголемување на задоволството кај крајните корисници на услугите што е и приоритетна цел на институциите во исполнувањето на своите деловни активности. Отворените денови на АФПЗРР во Општиина Ресен ќе се реализираат на ден 16.08.2015 година и тоа во:

  - Подмочани во 19ч   - Бифе во Подмочани 
  - Царев Двор во  20ч  -Хотел Ројал  или училишна сала ОУ Браќа Миладиновци
  - Крани     во 21ч       - во училишна сала во с. Крани
 
На средбите ке има претставници од АПРЗ, АФПРРЗ и МЗШВ.

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.