S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Честитка на Градоначалникот Стрезовски по повод Денот на Македонската револуционерна борба

Градоначалникот на Општина  Ресен Д-р Ѓоко Стрезовски на  граѓаните на Општина Ресен и Република Македонија им го честита 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба.

 

- Денес е денот кога го чуствуваме духот од револуцијата и го живееме моментот кога една организација пред 122 години имаше една цел, да ја сплоти исконската желба за слобода на Македонија и македонскиот народ. Македонската револуционерна организација ги напиша страниците на славната историја со крв и саможртва, и прати јасна порака до сите дека македонскиот народ е спремен и преку смртта да ја создава слободата.

Со ова нивно дело,  несомнено нашата историја ја добива смислата за македонскиот непокор, и за револуционерната борба, која треба да создаде слобода, култура и вредности.

- Како народ треба да бидеме горди на оваа организација, која во македонскиот народ поттикна голема храброст, одлучност и визија за сопствена и слободна татковина. Ова дело во нас остави длабока трага и обрвска да ја чуваме слободата и независноста на Република Македонија, и да изградиме силна држава, развиено демократско и економски просперитетно општество, се вели во честитката на Стрезовски по повод Денот на македонската револуционерна борба.

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.