S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Се реконструираат локалните патишта во Љубојно и Брајчино

Македонија Пат- Битола и ресенската подружница на ова државно претпријатие  преку инвестициски зафат вреден околу 13 милиони денари деновиве интензивно работи на реконструкција на локалниот пат во преспанските села Брајчино и Љубојно до клучката со магистралниот пат Макази – Маркова Нога.

 

Според  Веселинчо Спасевски, раководител на „Македонија пат“-Битола одговорни за реализација на проектот овие зафати на реконструкција на локалните патишта во Брачино и Љубојно согласно временските прилики треба да завршат во наредните десет дена.

Ззначањето на реконструкцијата на овие локални патишта за  Градоначалникот на Општина Ресен Д-р Ѓоко Стрезовски кој денес беше во посета на градежните активности на самиот терен е повеќекратно и со истите треба да се овозможина подигнување на квалитетот на живот на жителите на овие преспански села но во исто време реконструкцијата на пет километарскиот локален пат е и дирекна поддршка на условите за развој на алтернативните форми на туризам по кои селата Љубојно и Брајчино се веќе етаблирани на туристичката карта на македонија и преставуваат атрактивни раритети за туристите љубители на природата и авантурите кои во последно време се почесто ја посетуваат Преспа.

 

Со оваа констатација се согласува и г-дин Лазе Ангеловски жител на с. Љубојно кој изразува задоволство што инфраструктурни проекти се градат и во овој дел на Преспа и дека истите ќе продолжат и во иднина со што за граѓаните на долнопреспанските села ќе овозможат и забрзан економски развој и пред се задржување на младата популација во овој регион.

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.