S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Се чисти коритото на Голема Река во Општина Ресен

Денеска во посета на активностите за чистење на речните корита кои се дел од Акциониот план за чистење на реки и речни корита за 2015 година  на територија  на Општина Ресен  во атарот на с. Езерени по течението на Голема Река  беше Градоначалникот на Општина Ресен Д-р Ѓоко Стрезовски при што изврши увид на состојбите на терен и динамиката на спроведување на активностите.

 

Од извршениот увид  заедно со стручните служби Градоначалникот Стрезовски меѓудругото истакна : Во моментов се врши чистење на коритото на главниот воден реципиент во Преспа реката Голема Река која во одредени услови на зголемен водостој се излева и прави штети врз земјоделското земјиште како и врз дел од некои населби како што се Езерани , Долна и Горна бела Црква и други.Се надевам дека до крајот на овој месец сите активности кои беа зацртани со акциониот план ќе бидат завршени  а службите на Општина Ресен напоредно се во изработка на акционен план за чистење реки и речни корита за 2016 година.– истакна Градоначалникот Стрезовски.

Со 12 тони на нафта добиени за оваа година од Министерството за животна средина , Општина Ресен врши интервенции  врз водотеци на повеќе локации низ општината при што според Координаторот на акцијата Кипртевски Зоран од Општина Ресен моментално се работи на потег од  село Езерани до село Бела Црква во должина од еден и пол километар по течение на Голема Река и тоа на отстранување на вегетација,продлабочување и проширување на речното корито.По завршување на оваа активност ќе се пристапи кон чистење на критични точки и на Источка река кај Царев Двор , Дрменска Река и други помали притоки на Голема Река .

За жителите на овие населени места акцијата за чистење на коритото на Голема Река е од големо значење при што за Кире настевски жител од Езерани најважно е што  ако се чисти на овој начин како што е започнато проблеми од поплавување не би требало да имаме во блиска иднина.

 

Инаку акцијата за чистење на речните водотеци низ Преспа се спроведува три години по ред  при што се чистат етапно одредени делови , и покрај тоа при обилни врнежуи и зголемен водостој Голема Река се излеваше на територијата најчесто на селата Езерани ,Долна и Горна  Бела Црква при што се поплавуваше земјоделско земјиште под овоштарници и некои помошни стопански и стамбени објекти. Последното излевање во оваа област беше на почетокот на месец февруари оваа година.

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.