S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Одржана едукативна работилница „Инклузивен пат и сервисни услуги на лица со посебни потреби“

Вечерва во Големата сала на Општина Ресен  во присуство на стотина учесници се одржа едукативната работилница „Инклузивен пат и сервисни услуги на лица со посебни потреби“ во организација на Општина ресен како дел од проектот за Општинско Корисна работа Воспоставување на локални сервисни услуги за лица со хендикеп кој веќе шести месец се спроведува во општина Ресен а во кој партнери се Општина Ресен и УНДП како и Здружението за лица со телесен хендикеп Мобилност - Битола, Ресен и Демир Хисар.
Целта на оваа работилница беше да се подигне јавната свест и да се трасира инклузивниот пат на лицата со посебни потреби посебно во делот на училишниот процес на локално ниво .
Во своите обраќања Д-р сања Андоновска даде вовед во проблематиката и ги посочи состојбите со вклученоста на лицата со посебни потреби во секојдневниот јавен живот во општина Ресен , додека пак дефектологот Николче Ристевски кон присутните, претежно наставен кадар од сите ресенски образовни институции , ги прикажа чекорите на идентификација и инклузија на учениците со посебни потреби и ги изложи предлозите за формирање на локална неформална комисија која ќе има за цел полесно откривање и усмерување на случаите на инклузија на ученици со посебни потреби .
специјален гостин на оваа работилница беше Д-р неуролог Филип Дума која се задржа на Невролошки аспекти кај ученици со посебни образовни потреби.
 
Градоначалникот на Општина Ресен Д-р Ѓоко Стеезовски пак од своја страна меѓудругото  истакна дека Општина Ресен  во изминатиов период превзеде конкретни активности со кои отвори и ново поглавје во своето работање, а тоа е зголемено партиципативно учество и креирање на локални политики кои одат во насока на подобрување на условите за живот на категоријата на наши сограѓани кои имаат посебни потреби во извршувањето на своите секојдневни активности.Од тој аспект , истакна Стрезовски, општината ценејќи ја важноста на овие процеси максимално на располагање ќе ги стави своите ресурси.
 
 

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.