S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Оджана Првата Конститутивна Седница на Локалниот Економско Социјален Совет на Општина Ресен

Денеска во малата сала на Oпштина Ресен се одржа Првата Конститутивна Седница на Локалниот Економско-Социјален Совет на Општина Ресен , во кој членуваат номинирани преставници од Општина Ресен , Сојузот на Синдикати на Македонија, Организацијата на Работодавачи на Република Македонија , Конфедерацијата на незавсини синдиката на Република Македонија и Бизнис Конфедерацијата на Република Македонија.

 

Покрај усвојувањето на Деловнкиот за работа на денешната седница за Претседател на ЛЕСС за Општина Ресен со мандат од една година беше избран Гоце Соколевски Секретар на Општина Ресен , а за негов заменик беше избран г-дин Љупчо Василевски преставник на Сојузот на Синдикати на Република Македонија.

На седницата покрај преставниците од потписниците на Спогодбата за основање на ЛЕСС во Општина Ресен, присуствуваа и претставници од Агенцијата за Вработување  од Ресен, претставник од СОУ Цар Самоил Ресен  како и претставници од проектот Унапредување на социјалниот дијалог”  како дел од Меѓународната организација на трудот , во чиј склоп се реализира и формирањето на шест локални економско социјални совети меѓу кои и ресенскиот.

ЛЕСС во Општина Ресен ќе има задача да   ги следи состојбите, да разгледува прашања, завзема став ,покренува иницијативи и препораки како и да предлага  решенија кои се однесуваат на подобрувањето на економско социјалната положба на работниците и работодавачите во општината и дава свои мислења и предлози во креирање на локалната економска политика. ЛЕСС своите  мислења, препораки, заклучоци и предлози ги доставува до Советот на Општина Ресен , до други релеванти институции, организации, здруженија и правни лица, како и до средствата за јавно информирање.

 

Сметам дека со започнување на работата на овој Совет, Општината и сите институции кои се засегнати од прашањата за одржлив економски развој , заштита и унапредување на работничките права како и создавање на подобра локална еконсмска клима за унапредување на бизнисите , ќе имаат посветен сојузник и партнер во Локалниот Економско Социјален Совет на Општина Ресен . Исто така и од  нашата заложба за активно вклучување во сите процеси кои би го зголемиле економскиот развој на нашата општина самата локална заедница ќе има бенефит од работата на ова тело– истакна Претседателот на ЛЕСС за Општина Ресен Гоце Соколевски.

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.