S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

На Водици во Отешево ќе се осветат водите и ќе се фрла светиот крст

Оваа година на големиот христијански празник Водици, на 19.01.2016(вторник) година во Oтешево , на плажата пред хотелот ``LakeView``со почеток во 12 и 30 часот , ќе се изврши  осветувањето на водите на Преспанското езеро и традиционалното  фрлање на светиот крст.Чинот на осветување на водите ќе го водат  свештеници од преспанско-пелагониската епархија .

 

Овој настан кај православните верници во Преспа предизвикува голем интерес што се манифестира со голема посетеност на истиот.  Оваа година оние верници кои ќе скокаат по светиот крст во водите на преспанското Езеро ќе може да се пријават неколку часа пред чинот на осветување на водите  во Ортешево .

Од локалната самоуправа информираат дека ќе го помогнат организирањето на овој настан , а за најсреќниот верник кој ќе го фати Светиот крст обезбедена е награда - плазма телевизор.

 

Водици или Богојавление е денот на кој според христијанското предание Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Се прославува на 19-ти јануари кај црквите што го користат Јулијанскиот календар.Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата.Со овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н. Некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и сл

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.