S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Се реконтруира рекреативниот центар Починалиште во Ресен

04.03.2016 Од вчера започнаа градежните активности на реконструкција на рекреативниот центар Починалиште кој се наоѓа во близина на СОУ Цар Самоил во Ресен . Со овие активности предвидени се реставрирањее на повеќе содржини на рекреативниот центар Починалиште како и изградба на нови содржини со што би се добило урбано уредено место каде граѓаните на Ресен ќе имаат можност да се рекреираат и релаксираат.

Со проектот ќе се реставрираат спортските игралишта кои ќе бидат и осветлени , по должина на рекреативната петека ќе се постави ново осветлување, паркинг, ќе се изгради видиковец, ќе се постави урбана опрема во вид на клупи и канти за отпадоци , ќе се постави детски забавен парк како и ќе се изврши хортикултурно уредување на просторот. Финасиската конструкција на овој проект според надлежните во Општина Ресен ќе изнесува околу 4,4 милиони денари кои ќе обезбедени преку проектите за регионален рамномерен развој преку Центарот за Развој на пелагонискиот плански Регион. Целосните активности на терен треба да завршат до почетокот на месец мај оваа година а изведувач на работите е градежната фирма Стентон Градба 

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.