S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

РЕЗУЛТАТИ ОД РЕГИОНАЛНИОТ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА

Сите три ученици од основното училиште ОУ Гоце Делчев на Регионалниот натпревар по физика се пласираа на Републички натпревар. Со тоа се покажа на дело интересот на децата во Ресен кон физиката и систематската работа во училиштата, од каде се создаваат врвни ученици.

 

На ден 16.4.2016 год. во Охрид се одржа регионален натпревар по физика за општините: Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Ресен, Демир Хисар, Македонски Брод, Крушево и помалите места. Учениците од осмо одделение: Иван Ивановски и Емир Кранли и ученикот од деветто одделение Војо Митревски, под менторство на проф. Александар Котевски, успеаа да се пласираат на Републичкиот натпревар по физика што ќе се одржи на ПМФ во Скопје. Со овој нивен пласман постигнаа огромен успех и ќе се натпреваруваат за највисоките награди со нивните врсници од цела Македонија.

Децата кои настапувале на Републички натпревари се вбројуваат меѓу најинтелегентните деца во нашата земја и деца пред кои стои понатамошен успех и од кои ќе произлезат интелектуалци и кадри на кои ќе се темели иднината на нашата земја

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.