S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

По повод денот на пожарникарството Градоначалникот Стрезовски упати честитки до ресенските пожарникари

Денес во просториите на ТППЕ Ресен беше одбележан 20 мај – денот на пожирникарството. На ресенските пожарникари ресенскиот Градоначалник д-р Ѓоко Стртезовски  заедно со своите соработници им посака успешно  и одговорно извршување на професионалните задачи , при што уште еднаш ја потврди заложбата на Општина Ресен да согласно своите можности перманентно се грижи да ги подобрува условите и опремата за работа на дваесетината пожарникари во Територијалната противпожарна единица во Ресен , кои во исто време се одговорни за справување на пожари на ниво на целата општина во урбани,рурални и отворени средини но и додатно интервенираат по потреба и во заштитени подрачја како што се НП Галичица и НП Пелистер како и ПП Езерани.

 

Во своите честитки Градоначалникот Стрезовски најави дека оваа година општината ќе обезбеди дел од лична заштитна опрема за пожарникарите која ќе се надоврзи на серијата набавки во изминатите години која се сотоеше во набавка на возила, орема, заштитна облека и слично.

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.