S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Матурско дефиле 2016 во Ресен(Фото)

Ни врнежливото време не го спречи матурското дефиле кое денеска се одржа во Ресен и на кое продефилираа 108 матуранти од СОУ Цар Самоил во Ресен од генерацијата 2012/2016. Манифестацијата која прерасна во традиција во Ресен , и чија организација е на Општина Ресен и СОУ Цар Самоил  , беше збогатена и со звуците на класичната музика во изведба на гудачкиот квартет Вива Стрингс.

 

Во своето обраќање кон матурантите Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски  меѓудругото истакна :

"Денес го имате големото задоволство да бидете ексклузивен дел од ова матурско дефиле. А, од утре, ќе бидете дел од големото семејство на возрасните.Завршува еден значаен, но многу побезгрижен дел од вашиот живот, а испитот на зрелоста ќе значи отворање на нова страница во вашите животи.Ќе значи влегување во период кога и вашата одговорност кон себе, кон семејството и кон заедницата ќе добијат друга, многу посуштинска димензија."

Од градскиот плоштад матурантите ја продолжија својата забава во ресторанот Две Лири во Ресен.

Повеќе фотографии може да погледнете тука 

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.