S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Зејоделската задруга Крани организира трибина за био-органско производство

Земјоделската Задруга Крани организира трибина во Големата сала на Општина Ресен во четврток-23 март 2017 година со почеток во 18.30 ч.

Повеќе: Зејоделската задруга Крани организира трибина за био-органско производство

Изложба и промоција на монографија за Светиот Владимир во Ресен

Во петок на 17.03.2017 година во организација на Општина Ресен  и Домот на Култура од Ресен во ресенскиот сарај со почеток од 19 часот  се организира изложба Портретите на Светиот Владимир  на Балканот од XVII до XX век и промоција на Монографија Светиот Кнез Владимир како продолжение на воспоставената соработка од областа на културата која Општина Ресен ја заснова со Општина Бар од Црна Гора и општина Елбасан од Република Албанија.

Повеќе: Изложба и промоција на монографија за Светиот Владимир во Ресен

Презентација на Оперативниот план за 2017 за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот

Со Оперативниот план за услугите на пазарот на труди активните програми и мерки за вработување за 2017 година, се утврдуваат услугите и програмите за вработување кои ќе се спроведат за да се подобри функционирањето на пазарот на трудот, да се поддржи создавање на нови работни места и да се зголеми вработливоста на лицата.

Повеќе: Презентација на Оперативниот план за 2017 за активни програми и мерки за вработување и услуги на...

Преспаинфо-“Крикот на пеликанот” најново литературно поетско остварување на Лидија Дочовска Павловска

Лидија Дочовска Павловска ја поткрепува тезата, никогаш не е доцна да се започне со одредена дејност, пишување, и дека таа ненаметливо и со опсервација смирено создава спој на живо-мртвата природа. Нејзината поетика пред се има хуман карактер, и низ сликите таа вметнува чувства и мисла, доближувајќи ги низ сетилата свои и на своите ближни, на својот род, но и на пошироката јавност. Покрај нејзините две претходни книги „Солзите на Преспана“ и „Така љубеше Косара„, и со новото поетско дело „Крикот на пеликанот“ уште еднаш се докажува и потврдува како вистински и редок вљубеник во родната Преспа, во нејзината историја и култура, во природните богатства, но и овој пат совршено доаѓа до израз и нејзиното веќе востановено длабоко човекољубие.

 

И мошне срочно, испишано во стил на стих, испеано во еден кус период 2015-2017, ќе се рече, испеано во еден здив, во третата книга „Крикот на пеликанот“, после „Солзите на Преспана“ и „Така љубеше Косара“, Дочовска Павловска смело, но и одважно нурнува во поетската магија на стиховите што се прелеваат низ преспанските релјефно-историски пејсажи: Ресен, Преспанското езеро, Стариот град, Преспанската котлина и планинските венци, давајќи му вдахновение на вечен живот и просторна живост на неизбришливите траги, зачинети со префикс на историја-сегашност, убавина, љубов и емоции.

Повеќе: Преспаинфо-“Крикот на пеликанот” најново литературно поетско остварување на Лидија Дочовска...

Општина Ресен набави нови ПП Апарати за основните училишта

Денеска во петте основни училишта на територија на општина Ресен , од страна на градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски беше доставена против-пожарна опрема , преносни противпожарни апарати по целовремен притисок S6 . Оваа опрема според зборовите на ресенскиот градоначалник е набавена од страна на Општина Ресен во целокупна вредност од околу 50 000 денари и нистата е доставена до основните училишта со цел да ги зголеми капацитетите на овие институции во делот на заштита и безбедност во објектитге во кои се извршува настава.

Повеќе: Општина Ресен набави нови ПП Апарати за основните училишта

Подкатегории

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.