S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Здружението на инвалиди на трудот од Ресен со свеченост го одбележа 3-ти Декември

 Во низата на активности кои на локално ниво се одржуваа по повод 3-ти Декември Меѓународниот Ден на трудот , и Здружението на Инвалиди на Трудот на Ресен ,организираше меѓусебно дружење и мал коктел по пово меѓународниот празник.

Повеќе: Здружението на инвалиди на трудот од Ресен со свеченост го одбележа 3-ти Декември

Во акцијата Ден на Дрвото во Општина Ресен се засадуваше во близина на Штрбово

Во општина Ресен во Катастарската Општина Штрбово место викано Долги рид денеска се одржа 17-та акција Ден на Дрвото - Засадија Својата Иднина. Во акцијата активно учество зедоа околу 500 учесници кои на површините предвидени за засадување денесе засадија 8000 садници на  црн и бел бор,питом костен даб и црн орев.. Остатокот од предвидените 40 000 садници на површина од 20 хектари ЈП македонски шуми ќе ги засади во престојниот период. 

Повеќе: Во акцијата Ден на Дрвото во Општина Ресен се засадуваше во близина на Штрбово

Концерт со Флејта и Пијано во Ресен

Општинската установа Дом на култура „Драги Тозија“ – Ресен на ден 25.11.2016 (петок), Ве поканува на Концерт – флејта и пијано, со Триото Интерарт“ во состав: Александар Стефановски - флејта, Емилија Ристевска Стефановска - флејта и Татјана Божиновска-пијано.
Место: Дом на култура „Драги Тозија“ – Сарај
Почеток: 19 часот

"Ден на Дрвото -Засадија својата иднина" на 30.11.2016, ќе се засадува во близина на Штрбово

Согласно Заклучокот од седницата на Владата на Република Македонија одржана на 25 ноември, а по повод спроведувањето на акцијата „Ден на дрвото - Засади ја својата иднина”, 30 ноември 2016 година (среда) е неработен ден, освен за вработените во здравствените институции, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

Повеќе: "Ден на Дрвото -Засадија својата иднина" на 30.11.2016, ќе се засадува во близина на Штрбово

Одржана тематска работилница на Здружението Мобилност во Ресен

Денеска со почеток во 10 часот во ресенскиот ресторан Две Лири , Здружението на Лица со Инвалидитет Мобилност - Битола, Ресен ,Демир Хисар   организираше тематска работилница на тема „Општинско корисна работа“,  која беше подржана од страна на Општина Ресен. На работилницата присуствуваа преставници од преку 10 зруженија кои ги застапуваат правата на лицата со телесен ивалидитет под закрила на националното здружение Мобилност.  Во центарот на интересот на работилницата беше тековниот проект во Општина Ресен преку програмата на УНДП - Општинско Корисна Работа кој овозможува сервисни услуги за лицата со инвалидитет во општина Ресен и кој се реализира веќе втора година по ред.

Повеќе: Одржана тематска работилница на Здружението Мобилност во Ресен

Подкатегории

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.