S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Економија
  • Register

До ноември ќе се градат плажите во Стење и Сливница

Министерството за транспорт и врски потпиша договор за уредување на плажа во должина 600 метри на брегот на Преспанското езеро.

 

Битолската фирма „Стентон градба“ во наредните четири месеци ќе ја изведува плажата во должина од 500 метри во населбата Стење и дополнителни 100 метри во населбата Сливница.

За овој проект од државниот буџет се издвоени финансии во висина од 39.990.200 денари (околу 645 илјади евра). Градежните активности ќе се реализираат врз основа на идејното решение изработено од архитектот Васко Крстевски.

Зафатот за изведба на нова плажа на Преспанското езеро ќе вклучи поставување на нов песок и хортикултурно уредување на просторот, опремување со тушеви, изградба на санитарни јазли, поставување урбана опрема, чадори, лежалки и други пропратни содржини. На плажата ќе биде изведен и шанк за услужување на посетителите.

извор http://www.build.mk/

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.