S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Економија
  • Register

"Отворени денови со граѓаните" на Управата за имотно-правни работи во Ресен

Денес во рамките на активностите поврзани со акцијата "Отворени денови со граѓаните" во Општина Ресен беше реализирана посета на директорот на Управата за имотно-правни работи г-дин. Зоран Крстаноски, кој покрај посетата на П.О на Управата во Ресен, оствари средба и со Градоначалникот на Општина Ресен м-р Ѓоко Стрезовски.

 

Граѓаните на Ресен и Преспа денес покажаа значителен интерес за прашањата и проблемите од областа на имотно-правната сфера, особено во делот на проблематиката поврзана со приватизацијата на земјиштата, како и за проблеми врзани за експропријацијата на земјиштата.

 

 На средебата помеѓу директорот на Управата за имотно-правни работи г-дин. Зоран Крстаноски и Градоначалникот на Општина Ресен м-р Ѓоко Стрезовски, беше разговарано на теми поврзани за соработката, нејзиното интензивирање, како и за прашања врзани за заеднички проекти на овие две институции. Особен интерес предизвика најавениот проект за директна комуникација со граѓаните на Општина Ресен која што во наредниот период ќе ја реализираат претставници на  Општина Ресен, претставници од Агенцијата за катастар  на недвижности и вработени во Управата за имотно-правни работи на Р. Македонија, кои на терен ќе остварат директен контакт со граѓаните и на кои се очекува не само запознавање со проблематиката од имотно-правната област туку и директно решавање на проблеми со кои редовно се соочуваат граѓаните на Општина Ресен.

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.