S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Култура
  • Register

Актерот на Европа започнува на 06 јули 2014 година со гостување на Раде Шербеџија

Секоја година во периодот од 06 до 11 јули, на бреговите на Преспанското езеро, веќе десет години по ред се одржува Интернационалниот театарски фестивал “Актерот на Европа”. Со тоа фестивалот се етаблира како една од најзначајните културни манифестации во Преспанскиот регион и Република Македонија. На него до сега учествувале врни имиња на домашната, регионалната и интернационаланта театарска сцена. Традиционалано секоја година во духот на културната соработка меѓу Македонија, Албанија и Грција отворањето е со обраќање кон публиката на трите јазици кои што се говорат на Преспанското езеро

, македонскиот, албанскиот и грчкиот, со што на еден симболичен начин барем за миг се бришат границите околу езерото. Фестивал се одржува на отворено, во прекрасниот амбиент на дворот на Сарајот во Ресен (Дом на културата).

Дванаесетото издание на фестивалот ќе биде отворено на 06 јули(недела) во Домот на Култура во Ресен ( Сарајот) во 21 часот со цремонијата на доделување на награда  за животно дело  на актерот Раде Шербеџија и рецитали на ``Трите јазици на езерото` со : Мето Јовановски (Македонија), Криса Јоаниду ( Грција) и Димитри Оргоцка ( Албанија).

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.