S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Култура
  • Register

Марија, Сотир, Тони, Бифо,Бардак...дали сношти ни се случи зачеток на ресенски театар??????

На вториот ден од овогдинашниот Актер на Европа, за прв пат во дванаесетгодишната традиција на одржување на фестивалот пред многубројната ресенска публика се изведе монодрама во режија и глума на ресенски творци и автори.

 

Претставата “Мојата Преспа, Мојот Ресен... Моја Судбина” со адаптиран текст на Ката Руменова Мисиркова од  Офелија Богоевска, во режија на  Сотир Чаушевски и изведба Актерот Марија Кондовска со на Музика Тони Карапанчевски, успеа на едно место да доведе над 400 посетители што за театарска изведба во Ресен е еднакво на 200 000 посетители на фудбалски натпревар на Маракана во Рио. Ако се земе во предвид дека екипата која ја реализира претставата е во доменот на ентузијасти-аматери , нивниот производ синоќа во дворот на ресенскиот сарај воопшто не изгледаше аматерски.

Синоќа можеше да се види настап со функционална сценографија, комбинација на аудио визуелни ефекти, и пред се едно впечатливо интерпретирање на младата и надежна ресенчанка Марија Кондовска.

Иако оние кои знаеја за овој проект уште пред 2-3 месеци можеби не веруваа каков квалитет ќе излезе , меѓу кои беше и авторот на овој текст , сепак објективно потиснувајќи го локал патриотизмот од сопствена страна, уверен сум а исто сум и сигурен дека и другите се,дека синоќа можеби ни се случи зачетокот на театарскиот ембрион во Ресен. Семето се посеа, учесниците понатаму можеби и нема да бидат исти, публиката и јавноста се жедни за локални акции од областа на театарот, услови какви такви има, драмски секции работат во школите, подршката од институциите е поочигледна по што  можам слободно да кажам дека нема да се застане тука.

Додека сме сите под импресиите од синоќа, фестивалот продолжува, на крај можеби оваа претстава ќе однесе и некоја награда, но како и да е целта на тие неколку ентузијасти веќе се оствари- Преспа зборува за Марија, Сотир и останатите, Преспа очекува , Преспа е гладна за наши ресенски претстави. На крај да употребам една мала филозофија, ништо не е невозможно, во моментот кога искрено ќе посакате да направите нешто уште тогаш пола работа е завршена....посакуваме театарската преспанска бајка да продолжи.

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.