S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Култура
  • Register

Пред преполна сала КУД Таше Милошевски го одржа годишниот концерт

Синоќа во Спортската сала во Ресен КУД Таше Милошевски од Ресен го одржа својот традиционален годишен концерт. Во текот на двочасовната програма големиот број на посетители во спортската сала уживаа во изведбите на повеќе ора и танци од сите делови на Македонија во изведба на сите категории од КУД Таше Милошевски и тоа : цицибани, млади пионери, пионери,јуниори и сениори.

Ресенскиот аудиториум не остана рамнодушен на сето она што 187 играорци од КУД`` Таше Милошевски`` го презентираа  на подиумот притоа демонстрирајќи одлична воиграност, страст и професионализам. На овој концерт настапија и играорците и од Фолклорниот Ансамбал ``Малинарка`` од Берковица , Р. Бугарија кои во својство на гости го презентираа културното наследство од Бугарија.

Инаку КУД ````Таше Милошевски е едно од најстарите друштва од овој тип во Република Македонија , формирано уште во далечната 1945 година и низ годините одсекогаш преставувало посебна гордост на локалната заедница од Преспа и пошироко.

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.