S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Култура
  • Register

Незабораавен Концерт на Персиди

Синоќа во прекрасениот амбиент на амфитетарот во Ресен, Музичкиот состав Персиди направија незаборавен концерт на кој присуствуваа над 1000 љубители на музиката од Преспа и пошироко.

Музичките легенди од Персиди, момците кои 35 години се присутни насекаде низ Преспа, низ звуците на традиционалните преспански песни и со новокомпонираните популарни песни песни низ музички времепролов ги потикнаа сентименталните чувства и на постарите и на помладите присутни кои неретко за време на концертот потпевнуваа заедно со нив.

Гости на концертот на Персиди синоќа беа сите оние имиња од музичката фела кои се поврзани со Преспа како Верица Ристевска, Љупчо Ангеловски, Оливер Христовски, Благојче Стојановски Туше, Астра, Фантоми, Панде Сековски, Андруш Ангелковски и многу други, кои заедно со Персиди направија јубилејниот концерт по човод 35 години од постоењето на Персиди да биде манифестација во која цела Преспа пееше.

Посебен гест на концертот беше чинот на членот на персиди Благојче Кечуловски- Масак кој јавно на сцена ја побара за жена својата досегашна девојка, што од присутните беше со овации поздравено.

.

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.