S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Култура
  • Register

Достоинствено одбележан Илинден во Преспа

Националниот Празник - Илинден на свечен и достoинствен начин оваа година беше одбележан на територијата на Општина Ресен. Славејќи 102 години од Илинденското Востаниe и 71 година од Првото Заседание на АСНОМ бројни делегации положија свежо цвеќе на спомен одбележјата од илинденскиот период и од НОБ на територија на Преспа.

 

На Споменикот на Револуцијата на Градскиот плоштад во Ресен  Градоначалникот на Општина Ресен М-р Ѓоко Стрезовски со делегација од Локалната самоуправа и Советот на Општина Ресен положи свежо цвеќе. Делегации од одборот за организација на Љубанските иселенички средби положија свежо цвеќе на спомен плочата на куќата на Калајџиевци во Љубојно. Вчера делегација од Општинската организација на Борците и од Локалната самоуправа свежи цвеќиња положија на спомениците во с. Крушје, гробот на Преспанскиот Војвода Никола Кокарев во Царев Двор и на Спомен обележјето на Преспанското Советување во месноста Ломје - Отешево. Покрај овие активности верскиот празник Илинден вчера и денеска со народни собири се одбележуваше во повеќе Цркви и Манастири низ Преспа и тоа во с. Грнчари, Прељубје,Езерани и на месноста Лиса на Преспанското Езеро.

 

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.