S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Култура
  • Register
×

Предупредување

Грешка при вчитување XML документ

Opening and ending tag mismatch: HR line 14 and BODY

Premature end of data in tag HR line 8

Premature end of data in tag BODY line 6

Premature end of data in tag HTML line 1

Рубенс Муратовски- Најдобар Актер на Фестивалот ``Актерот на Европа 2014`

Синоќа во прекрасниот амбиент на ресенскиот сарај со изведба на претставата ``Вејка на Ветерот`` на текст од  Коле Чашуле во режија на Ирена Стеријовска заврши овогодинешното дванаесетто издание на интернационалниот театарски фестивал`` Актер на Европа``. Добитник на наградата  за Актер на Европа 2014 е македонскиот актер Рубенс Муратовски  за главната машка улога во претставата ``Вејка на Ветрот``.На фестивалот оваа година во Ресен беше доделена и наградата за животно дело на актерот Раде Шербеџија.

Повеќе: Рубенс Муратовски- Најдобар Актер на Фестивалот ``Актерот на Европа 2014`

Пред преполна сала КУД Таше Милошевски го одржа годишниот концерт

Синоќа во Спортската сала во Ресен КУД Таше Милошевски од Ресен го одржа својот традиционален годишен концерт. Во текот на двочасовната програма големиот број на посетители во спортската сала уживаа во изведбите на повеќе ора и танци од сите делови на Македонија во изведба на сите категории од КУД Таше Милошевски и тоа : цицибани, млади пионери, пионери,јуниори и сениори.

Повеќе: Пред преполна сала КУД Таше Милошевски го одржа годишниот концерт

Раде Шербеџија го отвори 12-от Актер на Европа во Ресен ( Фото)

Вечерва во прекрасниот амбиент на ресенскиот сарај беше отворено дванаесетото издание на меѓународниот театарски фестивал ``Актерот на Европа``.На свеченото отворање од странна на Градоначалникот на Општина Ресен М-р Ѓоко Стрезовски, Престседателот на Фестивалот Јордан Плевнеш и Претседателот на жирито на овој фестивал актерот Мето Јовановски наградата за животно дело Актер на Европа му беше доделена на познатиот хрватски и светски актер Раде Шербеџија .

Повеќе: Раде Шербеџија го отвори 12-от Актер на Европа во Ресен ( Фото)

Марија, Сотир, Тони, Бифо,Бардак...дали сношти ни се случи зачеток на ресенски театар??????

На вториот ден од овогдинашниот Актер на Европа, за прв пат во дванаесетгодишната традиција на одржување на фестивалот пред многубројната ресенска публика се изведе монодрама во режија и глума на ресенски творци и автори.

Повеќе: Марија, Сотир, Тони, Бифо,Бардак...дали сношти ни се случи зачеток на ресенски театар??????

Програма за Актерот на Европа 2014

Во периодот од 06 до 11 Јули 2014, во Ресен, Преспа, по дванаесетти пат ќе се одржи Интернационалниот театарски фестивал “Актерот на Европа”. Фестивалот Актерот на Европабеше покренат во 2003 година, од страна на неколку балкански и европски театарски сонувачи, во духот на мислата на Жан Моне Да се гради Европа значи да се гради мир”.

Повеќе: Програма за Актерот на Европа 2014

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.