S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Забава
  • Register

На 26.07.2014 во Долно Дупени - Sunset Beach Festival

Во Македонија летната сезона е супер исполнета со фестивали, концерти и настани. Но она што се случува за првпат е одличен еднодневен фестивал на најубавата песочна плажа во Македонија, плажата на Дупени на крајбрежјето на Преспанско езеро.

 

Оваа година Дупени е домаќин на целодневна агенда со музика, коктели, пиво, зајдисонце и забава, на првиот Sunset Beach Festival. Нека оваа плажа биде на вашата агенда како викенд дестинација оваа година. Ќе бидете воодушевени од песочната убавина и неверојатното зајдисонце. А за одлична забава, оваа година дел од фестивалот ќе бидат наши познати музички артисти од диџеи до вокали кои ќе ве размрдаат и освежат на најубавото зајдисонце во Македонија, директно од плажата на Дупени. Фестивалот оваа година започнува во 17.00 часот, а ќе трае се до 01.00 часот по полноќ.

Спакувајте апостолки, купачи и сите накај Преспа на првиот Sunset Beach Festival. За вас на главниот стејџ оваа година ќе настапуваат, диџеј Чико, диџеј Андреј Мицајков, Викторија Лоба со диџеј Боби и на затворањето ќе ве забавува диџеј Никифор. Картите се пуштени во продажба преку продажните места на kupikartizase.com по цена од 250 денари. Не пропуштајте! Сабота, 26ти Јули – старт во 17.00 часот.За повеќе информации околу сместување и транспорт до плажата на Дупени, слободно исконтактирајте ги организаторите  на телефонскиот број 072 240 654.

 

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.