S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Преспа
  • Register

ФК Младост – Царев Двор ги започна подготовките за наредната сезона

Преспанските нови фудбалски второлигаши екипата на ФК Младост Царев Двор во пресрет на почетокот на натпреварувачката сезона, каде иако се за прв пат не ги кријаат амбициите за вискок пласман, немаат време време за одмор.

По исцрпувачките квалификации за влез во Втората фудбалска лига, од вчера ( 28.06.2014) ги започнаа подготовките за следната сезона.На првиот собир кој помина со полесен тренинг под водство на стручниот тим составен од Васко Стојчевски и Кире Стерјов се појавија поголем дел од играчите кои ќе бидат главните носители на ФК Младост во новата сезона.Во ФК Младост засега новодојдени играчи се проверените и докажани имиња како Лазаревски од ФК Силекс, Елмазовски од Пелистер, Димовски од Еуромилк и голманот од ФК Новаци Христијан Гроздановски.

Од стручниот штаб на царедворци најавуваат и додатни уште 2 до 3 засилувања за наредната сезона. Исто така од досегашниот сотав ослободени од обврските се 3-4 играчи кои нема да се дел од второлигашкиот Младост. Екипата на ФК Младост од Царев Двор покрај подготовките кои ќе ги изврши во базата во с. Царев Двор најверојатно дел од подготовките ќе ги реализира и во Охрид.

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.