S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Преспа
  • Register

Свечено отворен реновираниот Aвтокамп во Крани

Вечерва пред поголем број на гости и јавни личности во Автокампот Крани беше свечено отворен новиот реновиран ресторан ``Капри`` . Исто така беше промовирана и туристичката понуда  на автокампот со кој сега управува туристичкиот бренд ``Капри`` од Битола на чело со сопственикот Никола Трпеновски.

 

На свечеиот чин на означување на почетокот на туристичката сезона во Крани говореа Градоначалникот на Општина Ресен М-р Ѓоко Стрезовски, Сопственикот Никола Трпеновски и Деканот на факултетот за туризам од Охрид Д-р Сашо Коруновски, при што сите ја истакнаа потребата ова место на начинот на кој започна да се ревитализира во иднина да го поврати некогашниот сјај и да послужи како добар пример и успешна приказна за развој на туризмот во Преспа. Господинот Трпеновски меѓудругото најави дека  ова се почетни инвестиции кои се реализирани во краток рок и дека во иднина ќе следат уште инвестиции кои ќе го вратат сјајот на Автокампот Крани. Оваа сезона реновиран е ресторанот и летната тераса, направени се зафати за оформување на плажа и платформа, вложено е во модернизирање на капацитетот од 300 легла со кој располага Автокампот и дека во иднина следуваат и нови инвестиции.

 

 

 

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.