S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Спорт
  • Register

Познати полуфиналистите на овогодинешниот Street Basket 2014

Вечерва на градскиот плоштад во Ресен  започна долгонајавуваниот  Street Basket 2014. Натпреварите по групи започнаа во 21 часот и траеја до 23 часот при што денеска се одиграа шест натпревари.

На вечерашното разигрување по групи пред околу 400 љубители на уличната кошарка се добија и полуфиналистите кои утревечер во меѓусебни дуели ќе ги дадат и оние две екипи кои ќе се борат во финалето.

За утрешните натпревари пласман во полуфиналето обезбедија екипите на :екипата ЈЗУ Др. Пашковски(Димитар Димитровски, Благојче Нечовски , Зоран Јоновски и Ѓоко Стрезовски) ;екипата Стар Сокак(Марио Нанчовски, Мишко Мулицовски, Јовче Касовски и Кирче Башевски); екипата Синалко (Омер Муса,Селаедин Пашо, Серџун Ибрахим и Заде Џенгиз) и екипата на Кафе бар ,,Кавалино,, (Никола Робановски , Иванчо Негревски , Владо Ангеловски и Лазе Илиевски)

ДВОЈКИТЕ ЗА УТРЕШНОТО ПОЛУФИНАЛЕ : 

ЈЗУ ДР. ПАШКОВСКИ : СИНАЛКО

СТАР СОКАК : КАФЕ БАР КАВАЛИНО

На утрешната програма покрај полуфиналињата и финалето ќе биде и натпреварот во шутирање на тројки за кој има голем интерес и кој ќе преставува вистинско уживање.

Од организаторот , Општина Ресен, која се труди со овој турнир да воспостави и традиција на овој спорт во Преспа, информираат дека покрај признанијата за победниците ќе има и ваучери за славеничка вечера во еден од познатите ресенски ресторани.Тунирот во улична кошарка оваа година е дел и од  Програма на Преспанско културно лето каде покрај настани и манифестации од културата и уметноста има и спортски збиднувања.

 

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.