S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Спорт
  • Register

Екипата на ПЗУ Д-р Пашковски најдобра на Street Basket 2014 (Фото)

Екипата на`` ПЗУ Д-р Пашковски`` е победникот на овогодинешното издание на турнирот во улична кошарка во Ресен  Street basket 2014 кој се одржа на градскиот плоштад во Ресен. Благојче Нечовски, Димитар Димитровски, Зоран Јоновски и Ѓоко Стрезовски во финалето беа подобри од младиот тим на ``Стар Сокак`` со 21- 11 со што доминантно го освоија првото место на вториот по ред турнир во улична кошарка во организација на Општина Ресен.

 

Предходно во полуфиналето  екипата на `ПЗУ Д-р Пашковски`` беше подобра од екипата на ``Синалко``, а младите кошаркари на ``Стар Сокак`` убедливо го поразија тимот на ``Кафе Бар Кавалино``.

Пред повеќе стотина ресенчани на вечерашната програма најзанимливо беше на натпреварите за ``тројки`` каде оваа година иако урбаните легенди Спасе и Шинди беа фаворите пред натпреварот сепак заслужено пиететот за најдобар тројкаш го доби една од легендите на ресенската кошарка Гоце Ангеловски.

Ценејќи според интересот кој овој турнир го предизвика оваа година од Општина ресен се убедени дека овие натпревари ќе прераснат во традиција и дека од година може да се размислува и за турнир на кој би учествувале и екипи од други места во Република Македонија.

 

 

 

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.