S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Спорт
  • Register

Заврши 6-от меморијален турнир во мал фудбал ``Стивен Стојановски``

Заврши 6-от,меморијален турнир во мал фудбал,,Стивен Стојановски’’,што во изминативе два дена ,се одржа во спортската сала во Ресен.Оваа година се играше во две категории,пионери и кадети.

Во категоријата пионери се пријавија шест екипи и тоа:Туше музик тим,Економи,Мако,Дрим Тим,Преспа и Градинка. Во категоријата кадети беа пријавени девет екипи :Ленинова,Ресен,Јуниори,Метеори,Подмочани,Сливница,Хаџеган,Алтај и Екипа Снова.Најпрвин беше извршена ждребка и во двете категории,после што беа добиени и паровите за натпреварите што понатака следеа.

Според овие резултати.екипата Дрим Тим го освои првото место во категоријата пионери,втора беше екипата Градинка а третото место го освои екипата Туше музик тим,која што доби и пофалница за Фер-Плеј. За најдобар играч од оваа категорија беше прогласен Неџми Реџепи а за најдобар голман Алтин Аџани и двајцата членови на победничката екипа Дрим Тим.

Веднаш потоа започнаа и натпреварите од категоријата кадети. Во оваа категорија првото место го освои екипата Јуниори и според прикажаното доби и пофалница за Фер-Плеј,втора беше екипата Ленинова а третото место им припадна на минатогодишните победници,на екипата Хаџеган. За најдобар играч беше прогласен Мухамед Амзовски а за најдобар голман Гоце Ангеловски и двајцата членови на победничката екипа Јуниори.

Во оваа прилика,организаторот на овој турнир упатува јавна благодарност до сите кои што несебично помогнаа за одржување на турнирот,воедно им порачува на сите деца:- Сакајте го спортот,играјте фудбал,,ИГРАЈТЕ ЗА СТИВЕН’’.

 

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.