S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Спорт
  • Register

Фк Младост поразен во Скопје, Фк Преспа успешна во Новаци

Последниот августовски викенд донесе нови возбудувања на фудбалските терени каде настапуваат фудбалските тимови од Општина Ресен.

Пол погодок на своето прво гостување во новата фудбалска сезона во 3-та МФЛ Југозапад имаа играчите на ФК Преспа кој по голема борба успееја во Новаци да го победат домаќинот ФК Новаци со 2-0(0-0). Стрелец на двата гола во второто полувреме беше новото засилување на ФК Преспа центарфорот Игор Момировски.По две изиграни кола ФК Преспа има максимален учинок со освоени 6 бодови.

За разлика од ресенчани, царедворци го доживееја својот прв пораз по 4 одиграни кола и тоа во Скопје каде загубија од ланскиот прволигаш екипата на Еуромилк со 2-1, со што и по три натпревари, со Брегалница во Куп натпреварувањето, со Дрита на домашен терен и последниов со Еуромилк, преспанските второлигаши се без победа. Можноста за победа имаат во петтото коло од Втората Македонска Лига кога на теренот во Ресен Младост-ЦД го дочекува водечкиот Шкупи 1927 која засега има скор од 4 победи на 4 натпревари. Царедворци иако загубија сепак на табелата се на висопкото 3 место што реално им дава добри можности со успешни игри во иднина да се замешаат во борбата за самиот врв. 

 

П Тим                       О П Н И Поени

 

1 ФК ШКУПИ- 1927 4 4 0 0 12

2 ФК ВРАПЧИШТЕ        4 3 0 1 9

3 ФК МЛАДОСТ        4 1 2 1 5

4 КФГ ГОСТИВАР АД 4 1 2 1 5

5 ФК КОЖУФ ГЕВ.        4 1 2 1 5

6 ФК СКОПЈЕ        4 1 2 1 5

7 ФК ДРИТА АД        4 1 1 2 4

8 ФК ЕУРОМИЛК        4 1 1 2 4

9 ФК МАКЕДОНИЈА 4 0 3 1 3

10 ФК НАПРЕДОК АД 4 0 1 3 1

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.