S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Спорт
  • Register

ЖРК Преспа Нова дела од ракометната академија на РК Вардар

ВардаРК Вардар во соработка со ЖРК Преспа Нова почнува со реализација на  долгорочен проект наречен „Страст за ракомет“, каде ќе бидат вкличени 24 регионални центри во Македонија со околу 1.500 деца на возраст од 7 до 14 години, во машка и женска конкуренција.Во ракометната академија ќе работат познати спортски имиња, тренери, поранешни играчи и селектори. 

 

          Меѓу најпознатите имиња што се приклучуваат кон овој голем проект на РК и ЖРК Вардар се Стефче Алушовски, Владимир Радиќ, Никола Бисинов, Слободан ччавлЧивлачки, Миодраг Јовановски, Андијана Будимир, Кире Мицалевски и уште доста други тренери кои имаат знаење и квалитет, своето искуство да го пренесат на помладите категории.

Во работата на академијата се вклучуваат што е можно поквалитетни кадри кои ќе бидат во функција на попрофесионално пренесување на знаењата на младите кои ќе го одберат ракометот како начин на живот.

Целта на еден вакво проект е континуирано следење на развојот децата кои ќе решат да се занимаваат со ракомет, организирање на зимски и летни кампови и вклучување во еден систем на натпревари.

За учесниците на академијата ќе биде обезбедена соодветна спортска опрема.

Пријавувањето е во тек, сите заинтересирани девојчиња на возраст од 7 до 14 години можат да се приклучат на ракометната академија секој работен ден во 20 часот во спортската сала во Ресен за време на тренинзите на ЖРК Преспа Нова или на еден од телефонските броеви:

Кире Мицалевски – 078 842 580

Благоја Ивановски – 076 446 000

Крсте Мицалевски – 078 403 074

Игор Богатинов – 070 442 827

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.