S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Спорт
  • Register

Голем Успех на ЏК Преспа на турнир во Скопје

Џ.К. Преспа изминатиот викенд  учествуваше на 5-от Меѓународен џудо  турнир во Скопје во организација на Џ.К. Миоки од Скопје . На овој турнир, кој е еден од најрепрезентативните турнири од меѓународен карактер во нашата држава покрај претставници од Македонија учествуваа и џудо клубови од Косово, Албанија, Црна Гора, Турција, Романија, Бугарија, Србија и Хрватска.

Ресенските џудисти беа претставени преку Ангела Боровичанин ( до 28 кг), Јана Величкова ( пионерки до 32 кг), Димитар тасевски ( пионери  до 46 кг) и Горан Крстаноивски во сениори до 60 кг.

Во силна конкуренција ресенските џудисти остварија забележителен успех  при што Ангела Боровичанин го освои второто место и се закити со сребрен медал а Јана Величкова и Димитар Тасевски го освоија третото место и бронзен медал .

Тренерот на Џ.К. Преспа Александар Фузевски искажувајќи ја благодарноста до сите субјекти кои помогнаа Џ.К Преспа да учествува на овој турнир истакна дека овој успех е на некој начин очекува ако се земе во предвид напорната работа која ресенските џудисти секојдневно ја вложуваат  во подигнување на нивото на вештини и знаење во овој спорт. Исто така Фузевски потенцира дека овие успеси од друга страна допринесуваат и до појавување на зголемен интерес кај младите преспанчани при што вратите на Џ.К. Преспа стојат отворени за сите заинтересирани идни спортисти.

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.