S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Спорт
  • Register

Градоначалникот Стрезовски оствари прием за ракометарките на ЖРК Преспа Нова

По повод големиот успех на ЖРК Преспа Нова која на турнирот ‘’Вардар-еден живот,една љубов’’ кој се одржа изминатата недела во Скопје, каде го освои првото место во своја конкуренција, Градоначалникот на Општина Ресен М-р Ѓоко Стрезовски организира прием за ракометарките и дел од раководството на ресенскиот женски ракометен клуб.

На приемот , Градоначалникот Стрезовски честитајќи им го успехот на ресенските ракометарки, истакна дека кога е во прашање развојот на спортот во Преспа и подршката на младите категории спортисти од нашата општина, општината Ресен секогаш ќе стои на располагање да помогне и да создаде услови за развој на сите спортови кои се етаблирани во Преспа.

Инаку на турнирот организиран од РК Вардар под наслов ‘’Вардар-еден живот,една љубов’’ ЖРК Преспа Нова од Ресен го освои првото место во својата конкуренција. На турнирот учествуваа вкупно 1600 млади ракометари од 5 до 19 години од 75 екипи од мрежата на Академијата Вардар. 

Резулатати на ЖРК Преспа на турнирот турнирот ‘’Вардар-еден живот,една љубов’’

ЖРК Преспа Нова Вардар 16-16 ЖРК Делчево Вардар 
ЖРК Преспа Нова Вардар 22:3 ЖРК Ново Лисиче Вардар
ЖРК Преспа Нова Вардар 12:10 ЖРК Кастратович Вардар
ЖРК Преспа Нова В
ардар 16-8 ЖРК Ѓорче Петров Вардар

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.