S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Општи податоци
  • Register

Клима во Преспа

Климата во  целиот Преспански регион е умерено-континентална, со медитеранско влијание преку клисурата Грло на југозапад од Малото Преспанско Езеро и преку планинскиот превој Превтис на југозападниот дел од Мала Преспа. Се карактеризира со топли лета во кои ноќите се свежи и со благи зими. Просечната годишна релативна влажност на воздухот изнесува 64%.

Водата на Преспанското Езеро во одредена мерка се јавува како климатски модификатор на својата околина. Езерото кое се наоѓа на надморска височина од 850 м претставува терморегулатор за околниот воздух, посебно на температурата на воздухот во зимските месеци, особено во декември и јануари.

Преодот од зимата кон летото е нешто побрз заради што пролетта е послабо изразена годишна сезона во однос на есента, што секако претставува важна карактеристика од интерес за претсојот на туристите во текот на есенските месеци во кои што во општината Ресен се организираат значајни манифестации како што е Јаболкоберот кој се одржува на крајот од месец септември.

Просечната годишна температура изнесува 10,2 °С, со најтопол месец јули со просечна месечна температура од 21 °С, минимална вредност од 0,3 °С  во месец  Jануари.

Преспанската Котлина се одликува со долготрајно сончево зрачење со просечна годишна сума од 1 400 до 2 600 часови.

Во однос на  ветровите и струењето на воздухот присутни се локалните ветрови  со режим условен од езерото поради нееднаквото загревање на воздухот над копното и над езерската шир заради што се зголемува општата зачестеност на ветровите во ова подрачје.

Маглата во Преспанското подрачје е ретка појава, главно поради честото проветрување и присуство на големите езерски водени површини.

 Земјоделското земјиште претставува ресурс не само за егзистенција на населението од преспанскиот регион кое во најголем дел се занимава со овоштарство и тоа одгледување на јаболка, туку и основа за започнување на специфични видови туризам,.

 Шумите на просторот на општината Ресен претставуваат природен ресурс кој се одликува со забележително присуство, како во планинските предели така и на ридските подрачја. Во последните години во преспанскиот регион се забележува зголемување на површините под шуми и шикари, како резултат на намалениот интензитет на експлоатација на шумските површини што произлегува одж деценискиот процес на емиграција на населението и, секако, поради организираниот систем на пошумување и природна ревегетација на шумите.

 Најквалитетните насади под шума се концентрирани во планинскиот појас, а најнеквалитетните во ридските подрачја на општината. Нискостеблестите шуми и шикари имат ниска производна способност, но се со мошне значајна заштитна функција.

 Присуството на шумите во преспанскиот регион претставува значајна претпоставка за развој на одредени видови туристички активности поврзани со рекреативната функција, пешачење, прошетки во природа, берење лековити растенија и шумскi плодови итн. 

 Хидрографските карактеристики на преспанскиот регион имаат посебно значење за населението од овој крај како извор на егзистенција и вработување во повеќе стопански дејности поврзани со овој природен ресурс: туризмот, рибарството,  угостителството и др.

 Во водите на Големото Езеро се наоѓа тромеѓето на македонската, албанската и грчката граница. Големото Преспанското Езеро зафаќа површина од 284 km², со 54 метри најголема длабочина и надморска височина од 853 метри. Од вкупната површина на езерото, 65% припаѓа на Македонија, 18% на Албанија и 17% на Грција. Малото Преспанско Езеро зафаќа површина од 45,59 km² и е за три метри повисоко од Големото, се наоѓа на територијата на Грција и мал дел во Албанија.

 На македонскиот дел од Големото Преспанско Езеро, главни притоки со кои се храни со вода се реките Источка, Преторска, Брајчинска и Голема Река, која поминува низ градот Ресен. Водите на Преспанското Езеро преку понорници истекуваат во Охридското Езеро.

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.